мај 5, 2017

Охрид, 5. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Новата туристичка сезона е на прагот, а ако се суди според најавите и исполнетоста на градот за најголемите показатели за престојната сезона – велигденските и првомајските празници, годинава не очекува уште едно лето исполнето со голем број туристи од земјата и странство.turistibelvi2

Оваа недела, вкупно 180 патници од Амстердам со авиокомпанијата „Корендон“ пристигнаа на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, со првиот сезонски чартер лет кој ја отвори летната сезона 2017. Туристите беа пречекани со воден мост, традиционална македонска закуска со леб и сол и разнобојни колачиња.

turistibelvi3Денес дел од гостите од кои најбројни беа од Холандија и Бугарија се одмараа на плажата на хотел „Белви“. Дел од нив го искористија денешниот ден за прошетка покрај езерото и посета на убавините на градот, додека дел уживаа во разговор и дружба на плажата.

turistibelvi4Во текот на летната сезона 2017, на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ се очекува да слетаат 183 авиони од Амстердам (со авиокомпаниите Корендон и ТУИ), кои ќе донесат преку 28.000 холандски туристи кои ќе го поминат нивниот одмор на Охридското Езеро. Во исто време, од мај до октомври 2017 година, со сезонските летови, на охридскиот аеродром се очекуваат околу 2.000 патници од Брисел со Томас Кук, потоа 2.300 патници од Белград со Ер Србија и околу 2.600 патници од Тел Авив со Аркиа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука