октомври 17, 2019

Охрид, 17. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот градски хор „Вокс Лихнидос“ утре заминува за Врњачка бања, Србија, каде ќе настапи на фестивал на хорска музика.

По гостувањето во романскиот град Питести, хористите сега ќе се претстават и пред српската публика на концертот насловен „Istočnik živonosni”. Покрај нив ќе настапи и домашниот хор „Абрашевиќ“ од Врњачка бања, кој пак во јули гостуваше во Охрид на првиот Интернационален годишен концерт на хорска музика во организација на „Вокс Лихнидос“.

Охридските хористи под диригентската палка на Бурим Хидри ќе изведат духовни, традиционални и современи композиции: Agni Parthene – Sv. Nektarios Bogoroditse Djevo, A. Part Legenda – P. I. Tchaikovsky, Tebe pojem – S. Mokranjac, Schedryck – M. Leontovych, Ubi caritas – O. Gjeilo, Stabat mater – Z. Kodaly, Siyahamba, традиционална африканска композиција. Премиерно ќе ја изведат и композицијата „Боса Роса“ од охридскиот композитор Гоце Гавриловски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука