Струга/Охрид, 21. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – По 18-ти пат денес се одбележува Денот на Охридското Езеро, а централната свеченост годинава е во Струга.
Поздравен говор ќе одржи струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, а свои обраќања ќе имаат и градоначалниците на Охрид и Поградец, Јован Стојановски и Едуард Капри.
Предвидена е богата културно-уметничка програма. Иако беше најавена за денес, изложбата на фотографии подводни фотографии во организација на нуркачкиот центар „Амфора“, поради нестабилната врменска состојба е одложена, а дополнително ќе се знае кога ќе се одржи.
Во рамки на активностите за одбележување на Денот на Охридското езеро, во сабота, 23-ти јуни, ќе се одржи кружна велосипедска тура околу целата негова должина.
Трите езерски општини Охрид, Струга и Поградец во 2000-та година потпишаа меморандум за разбирање и заштита на езерото и на 21-ви јуни со различни активности, наизменично секоја година го одбележуваат Денот на Охридското езеро.
Целта на одбележувањето е да се подигне јавната свест и да се покаже грижата за заштита на езерото од македонска и од албанска страна, но и да се покаже дека туризмот е базиран врз ендемизмот и еколошките услови што ги нуди охридскиот регион. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива