Охрид, 7. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Четири атлетичари, членови на АК „Охрид“ се дел од македонскиот национален тим на Европското тимско првенство што претстојниов викенд ќе се одржува во Скопје.
Откако постигнаа завидни резултати и беа меѓу најуспешните на Сениорското атлетско првенство, Јован Стојоски, Марија Јовановска, Блаже Љушев и Стефан Стефаноски обезбедија место во македонската репрезентација.
Атлетичарот Јован Стојоски ќе настапи на пет спринтерски дисциплини (100,200,400, 4 x 100 и 4 x 400 метри), Јовановска (100, 4 x 100 и 4 x 400 метри), Љушев во дисциплините 110/100 со пречки, скок во далечина и 4 x 100 метри, додека Стефановски во дисциплината фрлање диск. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 38