март 28, 2024

Струга, 28. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко денеска оствари средба со членовите на реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО за „Природното и културното наследство на Охридскиот регион“.

– На средбата се разговараше за моменталната состојба на крајбрежјето и предизвиците со кои се соочува општина Струга, како и за најсоодветните чекори за во иднина со цел заштита на крајбрежјето и подобра урбана организација. Целта на средбата беше да се процени моменталната состојба со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот регион и да се споделат насоките за идните активности за соодветна заштита, информираат од кабинетот на Мерко.

Претставниците на реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО која е составена од членови на Центарот за светско наследство, Меѓународниот совет за споменици и локалитети и Меѓународната унија за заштита на природата денеска остварија средба и со министерката за култура и претседателка на Националната комисија за УНЕСКО, Бисера Костадиновска-Стојчевска, а вчера се сретнаа и со градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука