август 16, 2019

Струга, 16. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Агенцијата за млади и спорт обезбеди средства за целосна реконструкција на опожарениот објект на едриличарскиот клуб „Снегар“ од Струга.

Големиот пожар кој изби на 21-ви јули на „Машката плажа“ во Струга, целосно го уништи објектот на клубот, а уништени беа 33 едрилици, 4 чамци и 60 години стара документација.

Image may contain: outdoor

No photo description available.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски беше во Струга, каде во соработка со челните луѓе на федерацијата и едриличарскиот клуб разговараа за важноста на самиот објект,со што едриличарскиот клуб и едриличарството ќе се вратат во полн сјај.

Едриличарскиот клуб „Снегар“е издвоен од Друштвото за водени спортови и рекреација во 1972 година и оттогаш постигнува врвни спортски резултати давајќи репрезентативци на регатите во Европска конкуренција.

Во соорганизација на Едриличарската федерација клубот организираше и беше учесник на седум државни – меѓународни регати. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука