Скопје/Охрид, 10. сеотември 2020 (ОХРИДПРЕС) – 15 средни и 21 основно училиште испратиле барање за комбинирана настава.
Министерката Мила Царовска вели рокот е до денеска, а вкупниот број ќе се знае по 3 дена откако ќе пристигнат и оние кои се испратени по пошта. На следната владина седница ќе се одлучува по овие барања. Вакво барање може да испрати секое училиште кое смета дека има услови согласно COVID-19 протоколите.
Драфт верзијата за новата платформа за онлајн настава е подготвена и наскоро ќе биде промовирана. Царовска вели дека платформата е создадена така што ќе биде лесно достапна за учениците, наставниците и за родителите. Подготвени се и протоколите за студентските домови и ќе бидат испратени на разгледување кај Комисијата за заразни болести.
Според последните информации, сите основни училишта во општина Охрид и Дебрца поднеле барање до Комисијата за заразни болести за да одржуваат настава со физичко присуство на ученици. (Крај)
извор: Тв Сител ОхридПрес фото: архива