Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Предновогодишна разгледница: Поздрав од Охрид (Фото)

Охрид, 13. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охрид, најголемиот туристички центар во државата, деновиве блесна во целата негова убавина, украсен во пресрет на празниците.

Централното градско подрачје е прекрасно украсено, како што доликува за овој период од годината.

Од локалната самоуправа, по денешниот напис на OhridPress и Супер радио, со информација дека програмата за организиран дочек на Нова година и останатите празници ќе го соопштат во текот на следната недела.

Во исто време, најголемиот дел од угостителските објекти подготвуваат богата програма со која ќе ги пречекаат бројните гости.

Најавите од угостителските работници се дека нивните капацитети ќе бидат скоро 100% исполнети, што  одлична најава за следната туристичка сезона. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука