Охрид, 26. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Под мотото „Охрид Ве очекува“ охридската локална самоуправа подготви богата музичка програма во пресрет на Новогодишните, Божиќните празници и Богојавление- Водици.
Веќе е познато дека за дочекот на најлудата ноќ охриѓани и гостите на Градскиот плоштад ќе ги забавуваат Ѓоко Танески, групата Камелеон и Ефто Пупиноски.
На 2-ри јануари концерт на Градскиот плоштад ќе одржи Марко Луис. Сцената на плоштадот на 5-ти јануари ќе биде резервирана за диџеј Ванчо, а за 11-ти јануари е закажана џез, соул и фанк забава со Владимир Василевски- Четкар.
Во очи на годлемиот прзаник Богојавление- Водици, на 18-ти јануари концерт во Охрид ќе има хрватската музичка ѕвезда Петар Грашо, додека пак на 20-ти јануари на Денот на рибарите ќе настапи нашиот фолк пејач Миле Кузманоски.
Хотелиерите од своја страна подготвуваат сопствена шаренолика програма, а според најавите и исполнетоста за празниците треба да биде одлична. Голем дел од естрадата ќе биде токму во Охрид за нова година, а дел од угостителско-хотелските работници подготуваат и сериозна музичка и гастрономска понуда. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива