јануари 19, 2020

Охрид, 19. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – 30 годишниот охриѓанец Петар Рупески по петти пат утрово го извади Чесниот крст од водите на Охридското Езеро.

Тој и оваа година ќе носи среќа за Охрид, но и за цела Македонија, откако за прв пат го фати крстот во далечната 2005 година. Петар последен пат беше најсреќен во 2017-та година, а денес посака здравје и бериќет за себе, неговите најблиски и за сите граѓани на Република Македонија.

И оваа година на чинот на осветувањето на водите на Охридското Езеро што го спроведоа великодостојници на Дебарско-кичевската епархија присуствуваа десетина илјади луѓе, православни верници од Охрид и од други делови на Македонија, но и гости од странство, меѓу кои и делегации на збратимените градови на Охрид.

Image may contain: 1 person, outdoor and water

Ладното време и ниската температура на водата не ги поколеба верниците. Бројни скокачи и оваа година одлучија да се искапат во осветената вода и се обидат да го фатат светиот крст.

Image may contain: 3 people, beard

Повеќе од два века во Република Македонија се практикува осветување на водите и скокање по Чесниот крст, покажуваат записите на собирачите на народни умотворби во Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Тв Сител/Љупчо Арнаудов

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука