февруари 9, 2020

Охрид, 9. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Тројца нуркачи од нуркачкиот Центар „Амфора“ од Охрид, учествyваа при подводни работи на брана во соседна Албанија.

Самиот ангажман на ваква сложена и одговорна работа, говори за угледот на нашите нуркачи кој го имаат во нашата земја, но и многу пошироко.

Неодамна, екипа на „Амфора“, како дел од припадниците на тимот за брз одговор за спасување на вода и подводно деминирање при Дирекцијата за заштита и спасување, беа на специјализирана обука за пребарување и спасување на вода во зимски услови, која се одржа во капацитетите на Државниот Универзитет за противпожарна заштита на Министерството за вонредни ситуации на Руската Федерација во Санкт Петербург.

Погледнете дел од фотографиите објавени на официјалниот Facebook профил на „Амфора“.

Image may contain: 2 people, people standing

Image may contain: shoes

Image may contain: 1 person

Image may contain: outdoor and water

Image may contain: 2 people

Image may contain: one or more people and outdoor

извор: ОхридПрес фото: „Амфора“

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука