COVID-19 Здравје Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

ЈОУДГ „Јасна Ристеска“: Потврдите за родители за грижа на дете до 10 години ќе се издаваат по електронски пат

Oхрид, 27. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Поради сериозноста на состојбата со Коронавирусот, потврди за родители за грижа на дете до 10 годишна возраст ќе се издаваат само по електронски пат. информираат од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ од Охрид.

– На маил адресата jasna.risteska@yahoo.com треба да се испрати име и презиме на родителот на кого треба да гласи потврдата, матичен број на родителот, име и возраст на детето и во кој објект престојува, додаваат од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.

Законската регулатива предвидува дека потврда за ослободување од работа се издава поради грижа за дете со навршена возраст до 10 години (или активно 4 одделение), и нивната важност се продолжува до завршување на вонредната состојба. До завршување на периодот на постоење на вонредна состојба, претходно издадените потврди од градинките продолжуваат да важат се до завршување на вонредната состојба, односно нема потреба од издавање на нови. (Крај)

извор: ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ фото: архива

**Во насока на полесно информирање на учениците за образовниот процес, OhridPress претходно испрати порака до сите образовни институции за слободно користење на нашата рубрика ОБРАЗОВАНИЕ преку која може да се испраќаат пораките за наставниот процес. Ова особено што се регистрирани случаи кога пораките потешко стигнуваат до учениците. И во оваа прилика ги охрабруваме да ја искористат можноста и сите пораки, линкови и објави да ги испраќаат на маил адресата contact@ohridpress.com.mk.

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука