Скопје, 2. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Родилките чие породилно отсуство од работа истекува периодов, во време на вонредната состојба ќе може да останат дома цело време додека трае вонредната состојба.
Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека во тек е изработка на решение во насока на продолжување на породилното отсуство.
– Се изработува решение кое ќе бара законска измена, се со цел породилното отсуство да се продолжи затоа што на мајките на кои им завршува во овој момент не може да ги запишат бебињата во градинките. Веднаш по изготвувањето на решението соопштиме на јавноста за да се знае како треба понатаму да се постапува, истакна министерот Филипче.
Одлуката за воведување вонредна сосотојба на територијата на цела држава претседателот Стево Пендаровски ја донесе на 18-ти март, во траење од 30 дена. По последната седница на Советот за безбедност Пендаровски кажа дека ситуацијата останува сложена, а сите сценарија за идниот развој на настаните се оптоварени од главната непозната, а, таа е: колку долго ќе трае пандемијата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива