Скопје, 11. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Комисијата за заштита од заразни болести сè уште не разговарала за олеснување на превентивните мерки воведени за заштита од ширењето на вирусот COVID-19.
Од извори од комисијата, телевизијата Алсат М јави дека големиот број заразени лица утврдени денеска ја натера Комисијата да го одложи олеснувањето на мерките, а следната средба е закажана за утре.
Здравствените власти, како што е најавено, препораките ќе ги донесат врз основа на статистиката од последните два дена (денеска и утре) за состојбата со епидемијата на коронавурос COVID-19.
Според официјалните податоци на министерството за здравство, во текот на изминатите 24 часа направени се 145 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на COVID-19 и тоа во: Скопје 13, Прилеп 2 и Тетово 7. (Крај)
извор: АлсатМ фото: архива