Охрид, 14. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – После полни 26 дена, кога на 19-ти минатиот месец беа регистрирани 8 заболени лица, Охрид до денес полни 26 дена успеваше да се одбрани од коронавирусот COVID-19.
Со почитување на мерките и дисциплина, Охрид долго време одржуваше ниска бројка на заболени лица. Сепак, видлива беше и опуштеноста на граѓаните од кои голем број од целата држава, кои најчесто во приватните станови доаѓаа во Охрид, привлечени од се’ поубавото и топло време, но и олабавувањето на мерките, кое и официјално стапи на сила вчера. Од охридскиот Центар за јавно здравје неодамна излегоа со официјална информација дека во Охрид и Дебрца нема активни пациенти на COVID-19.
Утре треба да се одржи состанок на Советот за безбедност. Ние ќе побараме продолжување на вонредната состојба од повеќе причини за да имаме механизми во однос на имплемантацијата на вакви препораки и во периодот кој што следи, рече на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Вонредната состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски на 16-ти април истекува во сабота, а Филипче не прецизира дали ќе побараат продолжување од нови 30 денови или помалку.
– Потребно ни е да се продолжи вонредната состојба затоа што дел од мерките важат само за време на вонредна состојба. Многу е битно тие да важат и натаму. Многу е битно да имаме инструменти во рацете да работиме со овие механизми, во однос на рестрикција на движење, уредбите кои важат и така натаму. Потребни ни се инструменти со кои препораките на Комисијата за заразни болести ќе можат да се имплементираат преку Владата, рече Филипче.
Во текот на изминатите 24 часа во државата се потврдени 29 нови случаи на коронавирус во земјава и тоа во: Скопје 9, Куманово 1, Прилеп 6, Тетово 5, Струга 2, Велес 2, Битола 2 и Охрид 2. Досега во земјата се направени вкупно 20.088 тестирања на COVID-19.
Комплетната информација за денешниот ден ОВДЕ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива