мај 29, 2020

Охрид, 29. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Локалната самоуправа и Георгиески со срамниот ребаланс на буџетот докажаа дека се однесуваат безидејно и очајно, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид на изнесеното во дописот до медиумите од општина Охрид.

– За Георгиески како партиски послушник на СДСМ не се важни граѓаните, туку заедно со СДСМ продолжуваат да мислат само на себе соочени со претстојниот пораз. Георгиески лицемерно лаже дека ги намалил непродуктивните трошоци. Зошто средствата од 17.800.000 денари за привремените вработувања се за 3.535.795 денари повеќе од мината година? Ако Георгиески мислеше за граѓаните тогаш ќе се откажеше од патните и дневните расходи во земјата и странство. Ако граѓаните му беа пред сѐ, тогаш Георгиески ќе се откажеше од расходите за репрезентација во вредност од 1.200.000 денари. Зошто Георгиески не ги реализира проектите што им ги ветуваше на охриѓани? Георгиески воопшто не се грижи за справување со економската и здравствената криза. Георгиески не работи и не се грижи за интересите на Охрид. На охриѓани им е доста од лицемерната хуманост на СДСМ и Георгиески криејќи се зад лажната грижа за граѓаните, додаваат од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука