Скопје/Охрид, 17. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС0 – Во Охрид има уште пет слободни места, меѓутоа во договор и секојдневна координација со болницата во Битола, се подготвени и двете болници во смисла на регионални центри, пред се’ за третман и на пациентите коишто доаѓаат од Струга и од струшкиот регион, порача на денешната прес конференција министерот за здравство во Владата на Република Македонија, д-р Венко Филипче.
Тој посочи дека целиот менаџмент на клиниките и одделенијата е максимално мобилизиран и верува дека успешно ќе одговориме и на овој голем предизвик.
– Ова е најголемата здравствена криза во нашата земја досега. Никогаш не сме се соочиле со ваква здравствена криза. Не е воопшто лесно, но имаме и знаење и капацитет и начин на организација и план којшто веќе се спроведува за оваа криза да ја надминеме. Досега одлично се менаџираше кризата, го подготвивме системот за ова сценарио и сега го спроведуваме. Барам силна поддршка од граѓаните, од сите чинители во општеството за здравствените работници. Барам разбирање и трпение кај граѓаните, на кои заради оваа криза им се откажани претходно закажаните прегледи и интервенции и верувам дека ќе се вратиме во нормала брзо и тие повторно ќе имаат пристап до здравствените услуги, но во овој момент сите сили ги насочуваме за да излеземе од оваа криза, изјави Филипче.
Во текот на последните 24 часа се направени 1.391 тестирање, а регистрирани се 193 нови случаи на COVID-19, од кои 11 во Охрид и 5 во Струга, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.
Комплетната информација за денешниот ден ОВДЕ. (Крај)
извор: Влада на РМ фото: архива