јуни 19, 2020

Скопје, 19. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Владата ги прифати барањата на антикорупциска да ги преземе сите активности за одземање на надлежностите за уривање на бесправно изградените објекти во сите општини во регионот кои се под заштита на УНЕСКО.

Дали Владата ги има одземено или се уште тактизира со надлежностите за уривање на бесправно изградените објекти на сите општини во регионот, кој е под заштитана УНЕСКО, и како планира да се справи со проблемот на бесправно изградените објекти особено во Охрид и Струга е прашање за кое од Владата се без конкретен одговор, јави Канал 5 телевизија.

Од таму велат дека ваквите барања кои произлегуваат од страна на антикорупционерите се прифатливи, но чекаат зелено светло од Министерството за транспорт и врски. Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, за Канал 5 вели дека „известувањето од ДКСК е разгледано на седница на Влада и сите членови на Владата се запознаени со истото.“

– Барањето е проследено до Министерството за транспорт и врски кој како ресорен орган треба да достави предлог за разгледување до Владата од делокругот на неговата надлежност, вели Рашковски.

И првиот човек во ресорот транспорт и врски, Горан Сугарески без одговор, како и од неговиот кабинет.

Од Канал 5 доставиле барање до министерството за транспорт и врски дали има постапено по барањето на Владата кое произлегува од антикорупциската комисија. Антикорупционерите пак велат дека добро е што Владата ги прифати нивните барања. Апелираат до Владата на доследност во спроведување на препораките на УНЕСКО и да се урнат сите дивоградби, особено цврстите градби, за кои до крајот на 2021 година ќе се испостави дека го нарушуваат статусот природното и културно наследство на земјава.

На истиот став е и претседателот на Националната Комисија за УНЕСКО, Едмонд Адеми кој појасни дека ќе се урнат сите дивоградби кои имаат негативно влијание врз животната средина и културното наследство. Локалната власт во Охрид почна со рушење на шанкови и останата урбана опрема покрај плажите, додека во Струга според градоначалникот Рамиз Мерко нема дивоградби. (Крај)

извор: Канал 5 фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука