ноември 5, 2020

Охрид, 5. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Откако беше забележан кон средината на минатиот месец, заштитниот знак на планината Галичица, Балканскиот рис повторно е регистриран од камерите во близина на репродуктивниот центар за елени.

– Уште едно појавување на рисот во НП „Галичица“. Рис беше фотографиран од камера-замка која е поставена во рамките на истражувањата кои се спроведуваат во Преспанскиот регион со проектот „Прекугранична заштита на регионот Преспа преку заеднички партнерски акции на Преспанет“, информираат од Balkan lynx.

Од 2010 година па наваму, Македонското еколошко друштво (МЕД) има заловено и ставено околувратник на вкупно осум единки рис, со кои се стекнати вредни податоци за однесувањето на ова таинствено животно, кои ни даваат податоци за нивно правилно зачувување.

На Балканот се проценува дека има уште 40-на возрасни единки на Балкански рис, кој според Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) е животно со критично загрозен статус. Меѓу главните причини за неговото исчезнување е криволовот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Методија Саздов

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука