Вевчани, 15. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Општина Вевчани најостро го осудува чинот на палење на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани, порача Градоначалникот на општината Сашо Јанкоски.
– Овој чин не соодејствува со ставот на Општината и најголемиот процент на нејзиното население, напротив Вевчани е меѓу првите општини во Македонија збратимено со градчето Мелник, општина Сандански, како членови на Асоцијацијата на карневалските градови кои негуваат слични традиции. Општина Вевчани и Вевчанци и во минатото веднаш ги осудувало палењата и на знамиња и на други држави и упорно стоиме на ваквиот став и во иднина и сметаме дека ваквиот чин на изразување на револт е недопустлив макар и за нај ирационалниот, најстариот и најавтентично сочуван пагански карневал во светот како што е опишуван Вевчанскиот карневал низ годините од речиси сите светските медиуми. Се надеваме дека овој несреќен чин и ирационален чин нема да фрли дамка на меѓусоседските односи, истакна првиот човек на општина Вевчани.
Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева вчера на Facebook објави дека Софија упатила вербален демарш до Скопје поради запаленото знаме на Бугарија на карневалот во Вевчани. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива