февруари 1, 2021

Охрид, 1. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од глобалната кампања за илуминација на национални објекти и историски споменици, Самуиловата тврдина од вечерва е осветлена и ќе блеска во текот на целиот месец февруари во знак на поддршка на пациентите кои се борат со ретките болести.

Ова е само дел од годинешните активности предвидени со националната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2021“.

Охридската МЕГА продукција обезбеди live striming од настанот.

Денеска беше одбележан стартот на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“, која оваа година ја бележи третата сезона. Со нови 28 ретки дијагнози во аудио, видео и текстуална форма, но и со осветлувањето на Самуиловата тврдина, во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена, и оваа година ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести.

Кампањата на OhridPress можете да ја следите ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука