Струга, 16. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – По Налог од директорот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат – ДСЗИ и по добиени сознанија дека на локација „Кеј 8-ми Ноември“ во Струга се врши гинеколошко акушерска дејност, спротивно на Закон, здравствени инспектори од ПО Охрид во соработка со службени лица од Министерството за внатрешни работи, извршија вонреден инспекциски надзор.
По двочасовно преговарање со сопствениците на објектот, инспекторите и полицијата влегоа во посочениот простор, кој имал 25 м2 и бил опремен за ординација за гинекологија и акушерство, при што затекнататата фактичка состојба индиректно укажува дека во него се вршела гиниеколошко акушерска дејност. Притоа објектот воопшто не бил обележан за дејноста.
Просторијата во која се одвивала гинеколошко акушерската дејност е во сопственост на д-р З.П.Ш. доктор специјалист по гинекиологија и акушерство, вработена во ЈЗУ ОБ Струга.
При надзорот, приложен е Договор за отстапување на користење на простор ( 01/2021 година) каде стои дека просторијата се издава на времено користење на ПЗУ Д-р Благоја Парталоски.
Со оглед на затекната фактичка состојба при надзорот и увидот во дадената докуменатација, ДСЗИ ќе издаде решение за забрана за вршење на дејност поради неисполнување на услови за вршење на дејност согласно чл. 301 од Законот за здравствената заштита, а истовремено ќе го извести и Министерството за здравство за одземање на дозволата за работа согласно чл. 62 од истиот закон.
Ова е втор случај гинеколози од Струга да прегледуваат пациентки дома. Пред еден месец, инспекторите на Државниот здравствен и санитарен инспекторат влегоа во куќата на директорот на Струшката болница и гинеколог д-р Мухамед Асани. (Крај)
извор: Фактор фото: ОхридПрес