Белчишта, 18. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – После долго време сте се јавиле (очигледно идат избори) и пак сте ја утнале адресата. Точно е дека инвестиравме 175.000 денари во балон салата, од кои 135.000 за акрилната подлога за тениското игрлиште, а 40.000 денари за санација на оштетените странични делови од салата, реагираат од општина Дебрца на изнесеното во дописот до медиумите од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Дебрца.
– За состојбата на балон салата и сликата што ја прикажувате обратете се кај вашиот поранешен градоначалник, кој потроши повеќе од 100.000 евра народни пари, за да само по две три години салата прокиснува од сите страни. Прокиснувањето е од тоа што многу „квалитетно“ бил изработен покривот и за негова санација сега ќе ни се потребни не 175.000 денари, туку илјадници евра, стои во дописот. (Крај)
извор: Општина Дебрца фото: ОхридПрес