септември 10, 2021

Скопје, 10. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – По директорот на тетовската болница Флорин Бесими и економскиот директор Артан Етеми, оставка поднесе и Илир Хасани, заменик министер за здравство во Владата на Република Македонија.

– Во овие моменти толку тешки за сите нас, поднесувам оставка како највисок морален чин. И покрај фактот дека немам ништо со процедурите за градењето на модуларна болница, иако немам никаква врска со организацискиот дел, оставката е чин за кој сметам дека треба да го направам во моментов, и со тоа да ги почитувам жртвите, повредените, јавноста и најмногу себе. Нема ништо над достоинството, напиша Хасани. (Крај)

извор: Тв21 фото: Тв21

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука