Охрид, 26. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Утре започнува кампањата за локалните избори на кои охриѓани ќе можат да го дадат својот глас за еден од тројцата кандидати за градоначалник и за некоја од 11-те советнички листи, од кои 3 се независни, 5 се поднесени од политички партии и уште 3 од коалиции.
Кандидати за градоначалник се: д-р Кирил Пецаков од коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, д-р Константин Георгиески од коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ и Гоце Цветкоски од ТМРО.
Кај советничките листи охриѓани ќе избираат помеѓу независните: група избирачи Антонио Наумоски, група избирачи Димитар Велјаноски и група избирачи Стевче Стевоски. Од партиите „Левица“ – носител Виолета Аврамова, ДУИ – носител Нефи Усеини, „Единствена Македонија“ – Владимир Суклоски, Движење БЕСА – Џемал Мена и ТМРО – Магдалена Наумоска. На предлог на коалиции има три советнички листи, ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на Македонија“ носител Сашо Донев, коалиција „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ со носител Науме Јованоски и ДОМ и ЛДП „Одлучно за промени“, носител Александар Станкоски.
Државната изборна комисија неодамна на седница со жрепка го утврди распоредот на кандидатите на гласачкото ливче.
Изборната кампања официјално започнува утре и ќе трае 20 дена пред денот на изборите. Вториот круг на изборите ќе се одржи на 31-ви октомври, а кампањата за втор круг ќе трае до 29-ти октомври. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес