октомври 12, 2021

Охрид, 12. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од Билјанините извори, една од најпрепознатливите локации во градот под Самуиловата тврдина и понатаму не тече вода.

Ниту врнежите од дожд не помогнаа да се подобри состојбата во која веќе подолго време се наоѓаат изворите.
Локалитетот „Билјанини извори“ охриѓани често го нарекуваат и душата на градот. Бројни посетители, домашни и странски се определуваат токму за посета на изворите, а локалитетот е една од најголемите препознатливости на древниот град под Самуиловата тврдина. Ова место го користат за да пешачат и да се релаксираат, како и да избегаат од гужвата која владее во центарот на градот.

Повторно пресушија Билјанините извори

Чистата вода со која се „храни“ Охридското Езеро, главно доаѓа од карстните терени на околните планини. Најголем дел од водата доаѓа од повисокото – Преспанско Езеро и преку подземни пукнатини низ планината Галичица, избива на повеќе места во вид на силни извори – врутоци покрај источниот брег.

Врнежите од друга старна пак помогнаа да се подобри хидролошката состојба на Охридското Езеро, па за една недела нивото порасна за пет сантиметри. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука