Охрид, 30. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Охрид и понатаму останува високо на листата градови со нови случаи на Covid-19.
Според официјалните податоци на Министерството за здравство на Република Македонија, изминатите 10 дена, во Охрид се регистрирани 374 новозаболени лица. Во истиот период болеста ја победија 507, а починаа 10 лица. Од почетокот на пандемијата во Охрид се регистрирани 7.905 случаи на лица заболени од Covid-19, од кои во моментов се активни 413.
Според последните информации на Министерството за здравство на Република Македонија, изминатите 24 часа во Охрид се регистрирани 31 новозаболени лица. Во истиот период направени се 6.647 тестирања, при што се регистрирани 1.837 нови случаи на Covid-19.
Досега во земјата се направени вкупно 1.779.972 тестирања на Covid-19. Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 266.937, бројот на оздравени пациенти е 239.666, на починати е 8.362, а бројот на активни случаи изнесува 18.909. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес