Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ Охрид: СДСМ единствено се способни за враќање на нивните долгови и исплаќање на високи камати преку договарање во четири очи!

Охрид, 12. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Со ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот д-р Кирил Пецаков промените во Охрид се видливи. Започнаа многу подобри денови во раководењето со Охрид преку проекти што носат светла иднина за сите охриѓани, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид на изнесеното на денешната прес конференција на ОО на СДСМ од Охрид по повод првите 100 дена од мандатот на новиот градоначалник на Охрид д-р кирил Пецаков.

– Само за раководството на СДСМ за жал тие не се видливи, па држи смешни прес-конфереции за 100 дена. Наместо тоа очекувавме Науме Јованоски да си поднесе оставка, но за жал не смогна сили и покрај нивното криминално и неспособно владеење во изминатите четири години, како и катастрофалниот пораз на локалните избори. Никогаш СДСМ нема да разбере што значи да се изработат, да се проектираат и да се реализираат проекти. Имаа време да докажат, но ништо не сработија, па апсурдно е тавтолошко набројување на проектите од програмата на Пецаков кои да не се грижат има да се реализираат за време на целиот мандат. Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Пецаков повеќе направи за 100 дена отколку СДСМ за 4 години. И тоа многу повеќе во услови на потрошен буџет и креирање нов, немање никакви проекти и многу оставени долгови, потенцираат од партијата.

Додаваат дека за потребите на основните и средните училишта само за месец декември се префрлени над 11 милиони денари. За првпат се доделуваат стипендии за ученици, студенти, магистранти и докторанти со ретки болести и посебни потреби. Обезбедена е финансиска поддршка за Дневниот центар за лица со посебни потреби „Зраци“. Забрзан е процесот за изградба на нова училишна зграда на ООУ „Братство Единство“.

– За првпат признание на најдобрите спортисти во Охрид со цел поддршка на спортските таленти, спортските клубови, спортски настани и за развој на спортските школи. Обезбедено е финансирање на спортски клубови, спортски здруженија, спортски манифестации и спортисти. Промоција на културата преку издавање книги и заштита на културно-историското наследство и статусот на Охрид во УНЕСКО. Променета водоводната и канализационата мрежа во ООУ „Братство Единство“ во Лескајца. Поставена нова фекална канализација на улиците „Будва“ и „Винковачка“, како и нова водоводна линија на улицата „Бранко Шотра“. Реконструирана десната страна од тротоарот на улицата „Марко Цепенков“. Саниран оштетениот асфалт на улицата „Момчило Јорданоски“ со нов метод. Изградба и уредување на коритото на реката „Сушица“ и во Елшани чистење на коритото од суводолицата. Поставени фотоволтаични панели за потребите на чуварската служба на депонијата „Буково“. Расчистени дивите депонии кај „Бејбунар“, Рамне, Далјан, Лагадин, Трпејца, Елшани, Долно Лакочереј како и на повеќе локации во градот. Награда од 10% на плата за сите вработени во јавните претпријатија кои беа ангажирани во расчистувањето на снегот. Субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици. Започната постапка за брзо решавање на предметите за легализација. Службените возила повеќе не се користат надвор од работното време. Договор за проектот „OHRID GO“, со цел набавување 60 смарт велосипеди, формирање на Старт-ап центар, Адреналински парк и „Pump Up“ патека. Започнување на изградба на булеварот „Македонски просветители“. Сакаме да ве потсетиме дека има да ги реализираме сите градежни активности кои случајно или не ги пропуштивте во проектната документација која Општината ќе ја чинат околу 30 милиони денари, стои во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека од СДСМ единствено се способни за враќање на долговите со пари на граѓаните и исплаќање на високи камати преку договарање во четири очи.

– Науме уште еднаш да се преброи 100 дена изминуваат, а денот не почнува од 12 часот на пладне и со доцнење од цел еден саат за медиумите. СДСМ Охрид е во паника и страв поради обелоденување на криминалот од претходните четири години и во делот на апликација на проекти и реализација на програмата на градоначалникот Пецаков. Новата Локална самоуправа воведе брзо темпо на работа, а службите и јавните претпријатија ја следат во чекор докажувајќи дека Охрид заслужува вистински да биде на пиедестал, потенцираат во реакцијата од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука