Охрид, 29. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Клубот за подводни дејности „Охрид“ спроведе нова ЕКО акција за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад.
Акцијата се спроведе кај селото Трпејца, а од езерото беа извадени повеќе предмети за домаќинство, гуми од возила, шпорет, пластични предмети, лименки и останато ѓубре, кое неодговорни поединци го фрлаат во езерото.
Ова е само продолжување на ваквите акции на клубот за подводни активности „Охрид“. Неодамна членовите на овој исклучително активен клуб спроведоа акција за чистење на Охридското Езеро од цврст отпад на потегот пред селото Трпејца и околните плажи во која учествуваа 15 нуркачи. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: Клуб за подводни дејности „Охрид“
Прочитано: 41