јануари 1, 2023

Охрид, 1. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – По дочекот на највеселата ноќ, продолжува забавата во центарот на Охрид.

Марија Савеска и групата Камелеон ги забавуваат охриѓани и бројните гости, а се очекува интерес да привлече и проектот „И повторно евергрин“ со настап на Лидија Кочоска, Влатко Груески и Андреј Наунов.

Синоќа се одржа одлична забава со Петар Нечоски, Татјана Стефаноска, Ѓоко Танески, Ефто Пупиноски, Миле Кузманоски и Dj-ите Багзи и Јана Слеј.

Додека гостите се забавуваа на Градскиот плоштад или во угостителските објекти, охриѓани во најголем дел Новата година ја пречекаа во домовите со богата трпеза и во кругот на најблиското семејство. Зад себе ја оставија старата 2022 со надеж за повесела и поуспешна нова 2023 година.

Во меѓувреме, исполнети се приватните станови, а дел од хотелско-сместувачките капацитети работат со половина капацитет или воопшто не ги отворија вратите за празниците.

Градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, во празничната честитка посака Новата 2023 година да биде појдовна точка за остварување на сите соништа.

– Нека донесе силна енергија за нови почетоци и неисцрпна енергија за остварување на нови цели. Ви посакувам, здравје мир и многу љубов, истакна Пецаков. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука