Охрид, 7. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охрид денеска е помеѓу градовите каде воздухот е многу ниско загаден.
Податоците се добиени од мерните станици на Министерството за животна средина, каде покрај Охрид, ниско загадени градови се и Гевгелија, Гостивар, Кавадарци и Кочани, а Велес, Струмица и Берово се средно загадени.
Останатите градови како Скопје, Битола, Прилеп, Кичево, Тетово се високо загадени.
Денеска во Охрид имаме убав и сончев ден, но оваа состојба треба будно да се следи и да се бараат и решаваат причините кои водат до поголемо загадување на воздухот. Неодамна, во еден период од денот, Охрид беше позагаден и од Скопје, што уште повеќе ја потенцира потребата од итна реакција. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 15