Охрид, 19. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес уште еднаш ќе бидат сведоци на јавувањето на Бог и неговото крштевање.
Водите на Охридското Езеро денес уште еднаш ќе бидат осветени, откако ќе ги допре чесниот крст. По неговото вадење од водата „фаќачот“ на крстот и неговата „тајфа“ ја пее песната „Во Јордание“, заедно со верниците.
Текстот на Богојавленската песна која треба да ја знае секој православен верник:
Во Јорданије к’ршчајушчесја тебе Господи,
троическо и јавилсја поклонение,
родителе во глас свидетелствоваше тебје,
возљубљена готја сина именуја,
и дух вовидње голубиње,
известоваше словеселје утврждение,
јављај се Христе боже,
и мир просвештеј слава тебје.
Во Ἰѻрдáнѣ крещáющусѧ тебѣ̀, Гóсподи, трóическое ѩ̉ви́сѧ поклонéнїе:
роди́телевъ бо глáсъ свидѣ́тельствоваше тебѣ̀, возлю́бленнаго тѧ̀ Сына и̉мену́ѧ,
и̉ Ду́хъ въ ви́дѣ голуби́нѣ, и̉звѣ́ствоваше словесѐ оу̔тверждéнїе.҆
Ѩвлéйсѧ Хрїстѐ Бóже, и̉ мíръ просвѣщéй, слáва тебѣ̀.
Бог се јави!
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес