Избор Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Светата вода нека ги измие сите лоши зборови и недоразбирања: Обичаи и верувања за Богојавление Водици

Охрид, 19. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денеска го слават големиот празник Водици. Богојавление е ден кога според преданието, божјиот глас објавил дека Исус е негов син и се верува дека во очи овој празник на полноќ се исполнуваат сите желби.

Според верувањата, точно на полноќ, ноќта, се отварало небото и на сите што се будни ќе го дочекаат празникот, Бог ќе му ги исполни желбите. Тој час и водите за миг престанувале да течат и биле лековите. Од таа вода да се на леело, можело да се лекуваат многу болести. Ако пак, не се налеела во тој миг, водата можела да се „направи“ откако ќе се покрстела-осветела од свештено лице. Вчера, на ден пред големиот христијански празник Богојавление-Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се изврши голем Богојавленски водосвет. Празникот е познат под имињата Водокрштение и Водокрст или Водопост, како ден на строг пост, во кој се пости само на вода.

Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот. Се врши крштевање на водата и таа со силата на Светиот Дух добива лековита моќ. Празникот е востановен во спомен на некогашните обичаи кои се изведувале на тој ден, кога биле крштевани луѓето кои го примиле христијанството. Во мигот кога Свети Јован Крстител го крштевал Исуса Христос во реката, во еден миг се појавило Светото Тројство: гласот на Отецот му се јавил на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид – во вид на гулаб на небото, а Синот бил достапен за сетилото за допир. Kако што е запишано во Евангелијата, за тоа посведочил и Свети Јован Крстител кој рекол: „Еве го јагнето Божјо кое на Себе ги зеде гревовите на светот”. Откако ги кажал тие зборови, го потопил и го крстил Божјиот Син во Јордан.

Водокрст паѓа во очи Богојавление и секогаш е посен ден, без оглед на тоа во кој ден од неделата се паѓа. Во некои краеви постои обичај да се стави крст во вода и да се однесе во црква. Ако крстот замрзне се верува дека годината ќе бие родна и здрава, а во спротивно ќе донесе многу болести.

Водици традиционално, во Македонија во речиси сите населени места, свештениците го фрлаат ритуалниот крст во некоја поголема вода – река, езеро или базен, а луѓето скокаат во водата и се обидуваат да го фатат крстот. Се смета дека на тој ден сите води се крстени и исто така оној што ќе го најде крстот ќе биде среќен во следната година.

Обичај е на овој ден ништо да не се работи по дома, да не се пере облека. Никако не треба да се мисли лошо, ниту пак некому да се посака зло. На овој ден не е задолжително да се пости. Од временските прилики за Богојавление зависи какво време не` очекува. Се верувало дека ако за Богојавление има мраз или паѓа снег, година ќе биде родна, а ако биде ведро, годината ќе биде сушна.

Текстот на Богојавленската песна која треба да ја знае секој православен верник:

Во Јорданије к’ршчајушчесја тебе Господи,
троическо и јавилсја поклонение,
родителе во глас свидетелствоваше тебје,
возљубљена готја сина именуја,
и дух вовидње голубиње,
известоваше словеселје утврждение,
јављај се Христе боже,
и мир просвештеј слава тебје.

bogojavleniepesna

Во Ἰѻрдáнѣ крещáющусѧ тебѣ̀, Гóсподи, трóическое ѩ̉ви́сѧ поклонéнїе:

роди́телевъ бо глáсъ свидѣ́тельствоваше тебѣ̀, возлю́бленнаго тѧ̀ Сына и̉мену́ѧ,

и̉ Ду́хъ въ ви́дѣ голуби́нѣ, и̉звѣ́ствоваше словесѐ оу̔тверждéнїе.҆

Ѩвлéйсѧ Хрїстѐ Бóже, и̉ мíръ просвѣщéй, слáва тебѣ̀.

Бог се јави!

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука