Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Охриѓанецот Христијан Настески Пајак има нова песна со Антониа Гиговска „Хабиби“ (Видео)

Охрид, 24. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Супер талентираниот, 22-годишен охриѓанец Христијан Настески Пајак достигнува милиони прегледи на YouTube со своите препознатливи хитови, но и стил на изведба.

Неговиот најнов сингл се вика „Хабиби“ и е дует со младата музичка ѕвезда Антониа Гиговска.

– Малку авантура, малку љубов, малку стрес, заради тие очи паѓам јас на грев…

Ова се само дел од стиховите, кои заедно со музиката се дело на Пајак.

Заедно со „Урбан Рекордс“ тој работи на многу проекти, а пред дуетот со Гиговска, тој сними и заедничка песна со Лара, наречена „Бела“.

Младиот trap артист со музика започнал да се занимава уште од негова 6-годишна возраст, а талентот го наследил од неговиот татко кој е поранешен гитарист и љубител на рок музиката. Вели дека инспирација добива од други артисти, љубител е и на многу други стилови на музика, затоа што секоја музика си има своја тема, убавина и порака…

Популарноста на Пајак оди далеку преку границите на Македонија. Тој е исклучително популарен и во соседна Србија, каде еден од најпопуларните јутубери на Балканот Бака Прасе уште на почетокот на неговата кариера го промовираше како „идната македонска трап ѕвезда во подем“.

Повеќе за него на неговите профили на Facebook и Instagram. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука