Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Maскенбал во култната дискотека – Диско „Палас“ во 1992 година (Видео)

Охрид, 12. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – По првото од пред околу еден месец, охриѓанецот Љупчо Стојкоски- Лепи, на неговиот профил на Facebook објави уште едно ретко видео од маскенбал во култната дискотека – Диско „Палас“ во Охрид, кој според датумот на видеото се одржал на 5-ти ноември 1992 година.

– Ноќниот живот во Охрид пред 30 години, Маскенбал во Диско „Палас“, коментира Лепи на неговата објава.

Многумина ќе се пронајдат во видеото, кое е снимено пред повеќе од 30 години и е редок и прекрасен доказ на едно убаво време.

Поради правилата за споделување на Facebook, видеото можете да го погледнете ОВДЕ.

Диско „Палас“ и подоцна „Парадизо“ се едни од најзначајните места во ноќниот живот во Охрид низ годините и се лоцирани во центарот на градот во склоп на некогашниот хотел „Палас“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Љупчо Стојкоски- Лепи

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука