Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Забава за Стара нова година – Василица, маскенбал во култната дискотека Палас/Парадизо во 1993 година (Видео)

Охрид, 13. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Љупчо Стојкоски- Лепи, на неговиот профил на Facebook објави ретко видео од прославата на Стара нова година – Василица во култната дискотека Палас/Парадизо во Охрид од далечната 1993 година.

Многумина ќе се пронајдат во видеото, кое е снимено на денешен ден во 1993 година и е редок и прекрасен доказ на едно убаво време пред 30 години.

 

Василица пред 30 години во Диско Палас/Парадизо 👹👺👽🤠😊

Цело видео, без сечење без лепење 😁

Posted by Ljupco Lepi on Saturday, January 14, 2023

Диско „Палас“ и подоцна „Парадизо“ се едни од најзначајните места во ноќниот живот во Охрид низ годините и се лоцирани во центарот на градот во склоп на некогашниот хотел „Палас“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Љупчо Стојкоски- Лепи

 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука