Охрид најубав: 19. јуни 2023 година
Охрид, 19. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина.
Денешната фотографија е направена утрово на патеката кај „Островчето“, на локацијата каде своевремено се сликаа фотографиите од проектот „Охрид во 10“ на Супер радио и OhridPress, кога во текот на целата 2017-та година го сликавме Охрид од еден агол, а подоцна беше издаден и како книга. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |