Охрид, 22. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Најдобрите атракции во преубавиот Охрид се претставени на популарното дневно телевизиско шоу „This Morning“ кое се емитува во Обединетото Кралство на телевизијата ITV, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, од каде организираа информативна патување за новинари и репортери од ова шоу, од 17-ти до 20-ти април 2023 година.
– Ова патување имаше за цел да ги промовира Скопје и Охрид како посакувани дестинации за туристите од Обединетото Кралство. Новите чартер летови од Лондон и Манчестер до Охрид, како и редовната авиолинија на ВизЕр од Скопје, претставуваат предност, потенцираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од каде изразуваат благодарност до Increasing Market Employability – IME и Јузмески Љупчо за нивната непроценлива поддршка при организирањето и реализирањето на ова информативно патување.
Новото „жешко“ место за посета на Европа. Вака новинарите на Британската ITV во утринското шоу „This Morning“ го опишаа преубавиот Охрид во репортажата која беше емитувана на нивната програма. Во видеото се прикажани дел од убавините на градот и се испраќа покана до сите да го посетат Охрид. Во директното вклучување, Охрид, Скопје, но и целата наша земја се претставени како дестинации со недопрени убавини и „budget friendly“ локација за туристите.
– Прекрасни планини, преубави езера, Национални паркови исполнети со диви животни. Македонија е туристичката дестинација во Европа која доаѓа и е достапна за сите, порача новинарот Craig Doyle во јавувањето во живо од Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: ITV