Економија Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Репортажата на ITV за шоуто „This Morning“ за преубавиот Охрид: Македонија е туристичката дестинација во Европа која доаѓа (Видео)

Охрид, 20. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Новото „жешко“ место за посета на Европа. Вака новинарите на Британската ITV во утронското шоу „This Morning“ го опишаа преубавиот Охрид во репортажата која беше емитувана на нивната програма.

Во видеото се прикажани дел од убавините на градот и се испраќа покана до сите да го посетат Охрид.

Во директното вклучување, Охрид, Скопје, но и целата наша земја се претставени како дестинации со недопрени убавини и „budget friendly“ локација за туристите.

– Прекрасни планини, преубави езера, Национални паркови исполнети со диви животни. Македонија е туристичката дестинација во Европа која доаѓа и е достапна за сите, порача новинарот Craig Doyle во јавувањето во живо од Охрид.

Тој најави и повеќе претставувања во текот на наредните недели со материјалот кој е снимен во Охрид и Република Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ITV/архива видео: LU7 Television Clips Xtra

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука