јуни 24, 2023

Охрид, 24. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Општина Охрид, д-р Кирил Пецаков, за во 12:30 часот, во мала сала на Општина Охрид го свика кризниот штаб, поради невремето што го зафати Охрид.

Силно невреме проследено со засилени врнежи на дожд и град, силен ветер и грмотевици, го погоди Охрид, денеска, нешто по 11:30 часот. Град со големина на орев, односно околу 2-3 сантиметри врнеше во поширокиот регион на градот, соседна Струга и Општина Дебрца.

Извесно е дека денешното невреме ќе предизвика големи штети кај земјоделските насади. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука