Охрид, 4. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – По реакциите на дел од жителите на Пештани и медиумската објава на OhridPress за хигиената и уреденоста во селото, од ЈП „Охридски Комуналец“ излегоа со експресна реакција и акција за средување на состојбите.
– По претходен договор со Месната заедница од Пештани екипите се на терен, односно се коси и чисти плажата. По отстранување на пловните објекти просторот дополнително ќе се уреди, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Претходно денеска, жители на Пештани излегоа со апел до градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков во кој потенцираа дека мора да се направи повеќе за хигиената и доставија фотографии на кои се гледа многу ѓубре и неуредени јавни површини. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 44