Скопје/Охрид, 9. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Македонија е сè уште егзотична туристичка дестинација за многу Јапонци, а убавините на земјата, особено Охридското Езеро – светско наследство на УНЕСКО, и околината се познати и многу атрактивни, порача во интервју за МИА јапонскиот амбасадор во Република Македоиија, Казуја Оцука.
– Скопје е атрактивно и заради историската архитектура, Водно и кањонот Матка. Исто така вреди да се види и Крушево, кое зазема важно место во историјата на Македонија, а во стариот дел на градот и во Галеријата Никола Мартиноски. Античките македонски останки и мозаици во Штип и Хераклеа Линкестис кај Битола исто така ќе им се допаднат на јапонските туристи, потенцира Оцука.
Според него, бројот на јапонски туристи во Република Македонија и во Европа во целина, драстично се намали за време на рестрикциите поради Covid-19, но повторно се зголемува, особено од почетокот на оваа година.
Во насока на продлабочување на пријателството меѓу двете земји, јапонската Влада и јапонскиот народ имаат реализирано бројни донации како опрема за воспитнообразовни и здравствени институции во Охрид. Неодамна, амбасадорот Казуја присуствуваше на церемонијата за комплетирање на GGP-проект во Општина Охрид, со кој беше донирано комунално возило за чистење на канализационата мрежа. (Крај)
извор: МИА/ОхридПрес фото: МИА