Струга, 29. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски и претседателот на Владата на Република Албанија, Еди Рама ќе ја промовираат контролата со само едно запирање (one stop shop) на граничниот премин „Ќафасан“, информираат од Владата на Република Македонија.
Стефан Богоев, директорот на Царинската управа на Република Македонија, неодамна на граничниот премин „Ќафасан“, со директорот на Царинската управа на Република Албанија Генти Гажели, го потпиша последниот Протокол за спроведување на Договорот за воспоставување на заеднички граничен премин меѓу двете земји.
– Со потпишувањето на Протоколот се завршуваат и последните подготовки за воведување на one-stop-shop на овој граничен премин, со цел спроведување на поефикасни и олеснети гранични формалности, пократко време на чекање на граница, односно поквалитетни услуги за економските оператори и патниците, порачуваат од македонската царина.
Директорот Богоев истакна дека на овој граничен премин се завршени сите потребни инфраструктурни зафати и дека блиската соработка меѓу службите на Царинските управи и граничните полиции на двете земји ќе резултира со забрзување на протокот на стоки и патници и ќе ги подобри резултатите при откривање на нелегални активности на граница, а со тоа ќе се зголеми и безбедноста за граѓаните. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива