ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Повторно гори депонијата „Буково“

Охрид, 1. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Читатели на OhridPress до нашата редакција испратија фотографии на кои се гледа дека повторно гори депонијата „Буково“.

Денешното опожарување доаѓа само два дена по последното, кога службите на ЈП „Охридски Комуналец“ го санираа опожарениот дел на депонијата „Буково“, а вонреден инспекциски надзор извршија и екипи на Државниот инспекторат за животна средина.

– Се гледа густ чад како се крева над депонијата. Пламенот се гледа од патот и има многу непријатна миризба, велат читателите за Супер радио и OhridPress.

Службите на ЈП „Охридски Комуналец“ од Охрид, деновиве го санираат опожарениот дел, а во неколку наврати интервенирала и охридската Противпожарна единица. Депонијата се третира со прскање на алги со цел задушување на огнот, а исто така со механизација се затрупува со земја и се гаси.

Од Државниот инспекторат за животна средина истакнаа дека до самозапалување најверојатно е дојдено поради високите температури, како и испуштањето на метанскиот гас. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука