ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Буково гориТ, Охрид смрдиТ: Депонија „Буково“, 3. август 2023 година (Фото)

Охрид, 3. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – На неговиот профил на Facebook, Andrej Marjanovic објави фотографии од депонијата „Буково“, снимени денеска, четврток, 3-ти август 2023 година.

На фотографиите може јасно да се види комплетната, колективна негрижа која ја имаме кон природата и кон здравјето на десетици и стотици илјади луѓе кои живеат во регионот, кој е директно погоден.

Ветерот го разнесува чадот насекаде, а одговорните тврдат дека прават обиди и напори да се санира состојбата.

Од ЈП „Охридски Комуналец“ од Охрид денеска излегоа со известување за превземените мерки за гаснење на пожарот на депонијата „Буково“.

– На ден 29.07.2023 година (сабота) во попладневните часови од страна на непознато лице е подметнат пожар на депонијата „Буково“. Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ веднаш излегоа на терен и ги превзедоа сите неопходни мерки за локализирање и гаснење на истиот и нормализирање на состојбата во соработка со екипите на ППЕ од Охрид и Ресен. Истиот ден пожарот беше стабилизиран и изолиран. На ден 31.07.2023 година, исто така беше подметнат друг пожар на сосема друга страна од депонијата „Буково“. И за двата случаи беше поднесена пријава до СВР Охрид од наша страна за подметнат пожар од непознат сторител. нашите екипи повторно излегоа на терен и депонијата е под секојдневен мониторинг. Депонијата беше третирана со алги со цел задушување на пожарот. Изминативе денови со специјална механизација делот од депонијата кој e зафатен со пожар се покрива со големи количини земја, информираат од претпријатието. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Andrej Marjanovic

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука