Охрид, 14. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Романот „Надеж“ од охриѓанецот Ване Николоски ова лето беше промовиран во Неготино, Битола и Кавадарци.
Во март оваа година Николоски најави дека романот ќе добие и англиска верзија, a претходно издавачот Austin Macauley објави дека ќе го промовира романот на територијата на Англија, САД, Австралија, Канада, Република Ирска и Нов Зеланд.
Во јули минатата година, во Градската библиотека „Григор Прличев“ во Охрид, се одржа охридската промоција на романот „Надеж“ од Ване Николоски, наш автор кој живее во Австралија, писател и голем вљубеник во природата и својот Охрид.
Николоски е писател и љубител на природата кој своите најдлабоки мисли ги овековечи во ова дело, со кое дебитираше во 2019 година. Вели дека негова лична инспирација никогаш не биле врвни личности (актери, спортисти, инфлуенсери или политичари), туку обичните личности кои инспирират со својата храброст и желба за живот. Личности кои му пркосат на времето не дозволувајќи никој и ништо да го попречи нивниот елан и ентузијазам, личности без разлика на пол, религија или статус, личности кои ќе отворат црвен чадор во морето еднолични црни чадори. Токму тие, современите Дон Кихоти. Романот „Надеж“ е негово прво објавено дело, а во подготовка се уште два романи со современа проза.
Повеќе за Николоски од интервјуто за Супер радио и OhridPress. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: Супер радио/ОхридПрес