Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Давид Неделковски меѓу наградените на Slow Cheese во Бри, Италија

Бра, 15. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Италијанскиот министер за земјоделство Франческо Лолобриџида го отвори четиринаесетото издание на Cheese, најголемиот меѓународен настан посветен на млеко, природни сирења и рачно изработени млечни производи организиран од Slow Food и Città di Bra.

Ова издание, кое трае до понеделник 18-ти септември, ги собира на едно место сточарите, производителите на сирење и ентузијастите, обединети под мотото „Вкусот на ливадите“, нагласувајќи како млекото од животни одгледани на пасишта е најважно за одржливите системи на храна.

Во текот на церемонијата беа доделени и наградите Slow Cheese, и кои им оддаваат почит на сточарите и рачните производители на сирење кои работат со почит кон природата, традицијата и благосостојбата на животните. Страста и посветеноста што тие ја демонстрираат во потрагата по квалитет го одржуваат во живот извонредното наследство на традиционални вештини и пејзажи. Станува збор за мали производители кои и покрај сета напорна работа, ризици и изолација на кои се изложени, продолжуваат да се опстојуваат. Победниците беа избрани врз основа на нивната посветеност, не само на производство на природни сирења од млеко, туку особено на фер и пријателски настроеното сточарство кон животните.

Помеѓу победниците на годинешните награди на Slow Cheese е и Давид Неделковски од Република Македонија.

– Давид има нешто повеќе од 30 години, но веќе пред десет години го напуштил Скопје и се преселил во малото село Раштак, во подножјето на планините Карадак, каде заедно со своето семејство ја создал неговата фарма. Давид тука одгледува алпски и домашни балкански кози, нарекувајќи се себеси „козар“ или „слободен човек“. Тој произведува неколку видови на свежи или зреени сирења, сите тврди или полутврди. Заедно со неговите соседи, тие започнале некои важни проекти за обновување на биолошката разновидност на планините во кои живеат. Кога решиле да се преселат на планина, проектот бил да произведат млеко и сирење и да се вратат во градот, но животот во природата им ги освоил срцата. „Се поретко одам во Скопје, сакам да живеам овде опкружен со семејството и моите животни“. Гледајќи кон иднината тој признава дека има премногу планови. Пред сè, тој би сакал да ја подигне свеста за важноста на производите од млеко и благосостојбата на животните, но и односот меѓу фармерите и ветеринарите. Негов главен приоритет е „козите да се среќни“, ја раскажаа приказната за Давид организаторите.

Охрид има свои претставници на „Cheese“, најголемиот и најважниот меѓународен настан, светски фестивал посветен на природни сирења, занаетчиски млечни производи.., организиран од мрежата на Слоу Фуд.

– Македонската делегација на Slow Food Macedonia патува во Бра, Италија. Нашите Ангела и Весна ќе го претстават Охридскиот клуб, порачаа на Facebook профилот на Slow Food Ohrid.

Нашата земја на Фестивалот за сирење во Бра ќе биде претставена како ризница на гастрономски и културни традиции, како и крстопат на народи, религии и култури. Република Македонија, чие присуство е финансирано од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија, ќе ги пречека посетителите со интересна програма на дегустации и активности. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука