октомври 2, 2023

Струга, 2. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Уште еден врвен успех за младиот стружанец Јован Кутаноски кој е новиот Балкански првак во акватлон.

Со само девет години, на Балканското првенство кое на 23-ти и 24-ти септември се одржа во Бар, Црна Гора, Јован се закити со златен медал во својата категорија.

Минатиот месец тој го освои златото на државното меѓународно првенство во акватлон во Австрија. Кутаноски, претходно освои прво место и на Националното триатлон првенство во Дојран, и во Хрватската триатлон лига. Прво место во триатлон на меѓународно натпреварување освои и во Германија, во својата категорија. Истиот успех го повтори на Отвореното Триатлон меѓународно и државно првенство „Триатлон 3 дисциплини Струга“ во категоријата деца 1.

Забележителни успеси постигна и на Ohrid Water Festival каде освои златни медали на 50 метри делфин, 50 метри грбно и 100 метри краул и сребрен медал на 50 метри краул. Со својата победа на „Акватлонот Охрид Трчат“ Јован стана и државен првак во акватлон, во категорија Деца 1.

Повеќе за Јован ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука