Охрид, 13. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 12-ти ноември 2023 година, во 16:35 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 23-годишно лице од Охрид.
– Лицето е осомничено дела заедно со претходно приведени две лица од Охрид, во 02:00 часот на паркинг простор пред угостителски објект во Охрид, физички нападнале 29-годишна жена, а потоа и 34-годишен маж, двајцата од Охрид, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 106