ноември 19, 2023

Охрид, 19. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Продолжува серијалот на „грејната сезона“ и „изгубени во вселената“ соопштенија, пресови и реакции, стои во реакцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид на изнесеното на последната прес конференција на ОО на СДСМ од Охрид.

– СДС Охрид се последни кои имаат лице да зборуваат за отчет за сработеното и партизација на Општината.
Најкриминалната партија со најнеспособните раководства се одважи без трошка срам да го обвинува градоначалникот Кирил Пецаков и Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Да ја прашаме гласноговорничката Лионела Јаковлева додека стоеше пред Општината и држеше прес случајно можеби да не требаше да држи настава? И да, уште ли има онлајн настава во училиштето од каде зема плата од охриѓани и кое е впрочем најтипичен пример за претворање во партиски штаб? Јаковлева не е во емисија, туку е вклучена во образование и најпрвин нека го пополни е-дневникот за работа, извештаите за одржани родителски средби, записниците од советите на паралелка, дополнителната и додатната настава и дури потоа може да зборуваме за совесно работење. Нам ни е јасно и не очекуваме ништо повеќе знаејќи дека партиските диктирања се класична заложба и доаѓаат од најнеспособниот просветен работник и пратеник, „џелат“ во образованието во Охрид. Доволно јасно е колку надлежните институции раководени од СДС си ја вршат работата и колку нивните кадри насекаде низ градот создаваат хаос и го уништуваат Охрид. Наместо да си ја свиткаат опашката и да молчат за темите за кои имаа и имаат време да сработат и направат нешто со автопатот, базенот и ред други излажани проекти тие кажуваат бајки и хумористични приказни. СДС Охрид за брзо ќе отпатува во неповрат како казна наплатена од охриѓани, стои во реакцијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука